Дивееле со над 170 км/ч на место каде е дозволено 80 км/ч: Двајца млади возачи завршија во полициска станица
Вчера во 10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Р.(19) од с. Синичане, затоа што на автопатот Скопје- Тетово управувал патничко возило „голф”, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час.
Во 18 часот, пак, на патот Гостивар-Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв”, со странски регистерски таблици, со брзина од 173 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа