Димитриеска-Кочоска: Од почетокот на годината поголем поврат на ДДВ кон стопанството, спречен криминал на претходната Влада
Повратот на ДДВ кон компаниите во 2025 година заклучно со мај споредено со тој период од 2024 година е поголем и се врши регуларно, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.
„Повратот се одвива регулирано како и секогаш. Заклучно со 31 мај 2025 година износот на поврат на ДДВ е поголем од износот на поврат на ДДВ којшто го вратила претходната Влада во истиот период. Покрај тоа што сме вратиле поголем износ на ДДВ успеавме да спречиме многу сериозен криминал што претходната Влада го аминуваше и за што има постапки во Финансиската полиција“, рече министерката.
Исто така, наведе дека има поголема реализација и кај капиталните расходи во однос на првите пет месеци од претходната Влада. Односно дека заклучно со мај 2025 година се реализирани 14,319 милијарди денари капитални расходи, наспроти 12,281 милијарди денари кои се реализирани од претходната Влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа