Детето кое го најдоа случајни минувачи е на опсервација: Нема тешки повреди

 

Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски”  од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Станува збор за дете кое е петтиот патник од автомобилот кој претходно денеска излета во Вардар кај с.Рашче.

Детето е на опсервација на Детска хирургија, нема тешки повреди, дознава Прес24.

Во меѓувреме, нуркачите трагаат по останатите патници, а Тигрите го вадат автомобилот од реката.

„На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител“, соопштија од МВР. 

02.01.2025 - 20:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега