Денеска не излегувајте доколку немате потреба - од утре уште потопло
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа