Денеска ќе биде многу топло - температурата ќе се искачи над 40

 


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 42 степена Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 41 степен Целзиусов.

24.07.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега