Делегација на романската армија во официјална посета на Македонија

 


Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре, ќе престојува во официјална посета на Армијата на Македонија.

По пречекот со високи воени почести, делегацијата од Романија ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски.

-Главни теми на средбата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии, информираат од Генераштабот на АРМ.

За време на посетата генералот Влад ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

01.09.2025 - 15:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега