Деца запалиле картонски кутии во Боговиње, предизвикале пожар на продавница

 


Вчера во 17.50 часот во ПО Камењане, Р.М. од село Боговиње пријавил дека пред неговиот објект, продавница, на локалниот пат  село Боговиње кон село Селце кеч, две малолетни деца од истото село запалиле картонски кутии при што настанал пожар кој бил изгаснат од страна на случајни минувачи.

Од пожарот настанало оштетување на покривна церада, испукано било изложно стакло и оштетен е компресор од фрижидер.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

20.07.2025 - 14:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега