Д-р Александар Трајановски на средба со граѓаните на Аеродром: Ветува одговорно владеење и инклузивен развој

 

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, вчера оствари средби со жителите на општина Аеродром, со цел директна комуникација и собирање предлози, идеи и забелешки од граѓаните за клучните прашања што го засегаат нивното секојдневие.
 
На средбата граѓаните активно се вклучија со свои согледувања за состојбите во општината, од проблемите со хигиената на јавните површини, недостатокот на паркинг места и недоволно зеленило, до урбаното уредување, сообраќајната инфраструктура, состојбата со градинките и училиштата.
 
„Аеродром мора да се води со знаење, одговорност и слух за граѓаните, не ни требаат повеќе импровизации и неисполнети ветувања. Ни треба систем што ќе работи за луѓето, ќе ги вклучува во процесите на одлучување и ќе им дава можност да влијаат врз промените што ги засегаат нивните животи. Само така можеме да изградиме хумана, функционална и модерна општина – со граѓаните, за граѓаните” посочи д-р Трајановски.
 

 

Исто така д-р Трајановски истакна дека „како лекар исклучиво работам да помогнам и да своето знаење го применам најдобро што можам, така и како градоначалник, нема никогаш да ги двојам моите сограѓани кој од која партија, вера или етникум припаѓа, туку исклучио да помогнам заедно да направиме поубава општина за сите”.
25.07.2025 - 14:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега