ЦУК алармира: Куманово и централна Македонија под најголем ризик од пожари

 


Според Дневниот преглед на Македонскиот информативен систем за шумски пожари за 11 јули 2025 година, детектирани се две горливи точки во околината на селото Николиќ, општина Дојран. Дежурниот Оперативен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврди појавата на пожари на отворен простор на овие локации.

 

Индексот, кој се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот.

  • Многу висок ризик од пожари е забележан во централниот дел на државата и околината на градот Куманово.

  • Висок ризик од пожари има во останатиот дел од територијата на Република Северна Македонија.

  • Среден и низок ризик од пожари е присутен во подрачјата околу планината Шара и други помалку загрозени региони.

 

Состојбата на сувост на вегетацијата се мери преку сателитски податоци од Системот на НАСА за информации за пожари за управување со ресурси (NASA FIRMS).

  • Висока сувост на вегетацијата е регистрирана во повисоките планински предели, што укажува на висока ранливост на вегетацијата и потенцијал за појава на пожари.

  • Средна и ниска сувост на вегетацијата има во пониските предели, каде ризикот од пожари е помал.

 

ЦУК појаснува дека горливите точки се автоматски детектирани преку сателитски сензори (MODIS и VIIRS) и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.

11.07.2025 - 12:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега