"Црвено-бело дебело, здраво-живо весело" - Важен обичај со дечињата
На Велики Четврток се фарбаат велигденските јајца во црвена боја. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето.
Првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Се смета дека има магична моќ.
По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“.
Тоа е порака децата да се здрави, црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа