Честитка од Кошта за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

 

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност. 

- По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на Икс. 

Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата. 

08.09.2025 - 11:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега