Цел арсенал оружје пронајдено во стан во Скопје - имало и забрането оружје
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите на 17 октомври беа откриени дека во стан на улицата „Саса 18“ заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.
Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка „Smith & Weson 5“, еден пиштол марка „Sig Suer“ P 226, еден пиштол марка „P.Bereta“ , една ловна пушка марка „ТОZ” и вкупно 414 куршуми со различен калибар.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа