Бугарско Министерство за транспорт: Ќе се гради железнички коридор 8 до Македонија

 

„Нема интерес од Бугарија за изградба на железницата од Коридорот 8“, изјави министерот за транспорт Александар Николовски.

Тој рече дека ја осудил Бугарија до европските банки и институции, откако владата во Софија одлучи да ги пренасочи средствата за железничко поврзување со Северна Македонија.

Николовски писмото го упати до европската делегација, но и до Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со кои е потпишан договор за заем од над 300 милиони евра за поврзување со источниот сосед.

Но, Софија го демантираше Николовски.

„Изградбата на пругата кон Северна Македонија не е откажана“, велат од бугарското Министерство за транспорт.

Според нив, Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија.

„Медиумските шпекулации се тврдењата дека Бугарија ја откажува бугарската делница од Коридорот 8. Железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничниот тунел може да се приклучи на мрежата на операторот Македонија.

 
 

 

Во соопштението се наведува дека Министерството за транспорт со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море, преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија.

 

Според нив, од 1.220 километри пруга, повеќе од половина или 747 километри се во Бугарија, додека остануваат да се изградат само 2,5 километри. За споредба, бугарското Министерство за транспорт вели дека делницата што недостасува на територијата на Република Македонија е приближно 70 километри.

15.03.2025 - 14:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега