Бугарски аналитичари за Мицкоски:Тој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

 

Бугарски аналитичари велат дека македонскиот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ.

-Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Дека треба да го признае македонското малцинство во Бугарија. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана, велат аналитичари од Бугарија.

Премиерот Мицкоски неодамна при работната посета во Брисел побара да не додава зачини во процесот за евроинтеграции. 

- „Подвлеков дека регионот и државата се уморни од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување доверба и кредибилност на целиот процес“, потенцира Мицкоски.

На работниот ручек со Фон дер Лајен, покрај Мицкоски присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Исто така, премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Владата ја прими претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна- сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“.

-Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба, потенцираше неодамна премиерот Мицкоски и додаде дека на таа средба треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат.

„Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато“, изјави Мицкоски.

29.01.2025 - 10:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега