Бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 48.448 лица, меѓу нив повеќе од 6.000 странци

 

 

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи, Мехмет Нури Ерсој.

„Повеќето од странците кои загинаа се наши браќа и сестри Сиријци“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија.

Додаде дека работата на отстранување на урнатините продолжува, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Сојлу кажа дека турските власти планираат да постават контејнери за сместување на повеќе од 115.500 семејства.

13.03.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега