Бочварски рипа во тавче: Ја запросил Маринела (ФОТО)
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја побара раката на својата девојка Маринела Серафимова по една година врска, јавува ММС.
И двајцата се од Штип, а Маринела пред два месеци дипломирал медицина.
Во изјава за порталот Бочварски ја потврдил информацијата.
-Да, се случи вчера вечерта. Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав потоа, кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики од вчера. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Марилена извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа и таа очекуваше дека ова ќе се случи, но не знаеше кога и затоа беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, но ете се случи вчера, рече тој за ММС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа