Бизарна расправија во Скопје: Сосед го удрил со автомобил, па излегол и му се заканил со дрвен предмет
Вчера во СВР Скопје, И.И.(64) од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот пред неговата куќа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, поради претходно нарушени меѓусебни односи, неговиот сосед Џ.Р. го удрил со своето патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, по што излегол од возилото и му упатил закани со дрвен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
10.09.2025 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа