Бесплатен превоз од Скопје за протестот во Неготино - "Фросина заслужува правда"

 

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино за смртта на младата Фросина Кулакова.

Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, пишува во повикот  на Фејсбук.

Истовремено, објавена е и информација дека другарките на Фросина која загина на „Партизанска“ во Скопје, организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

Институтот "Изет Цури" постави книга на жалоста за младата Фросина Кулакова од Неготино.

- Драги пријатели, роднини, соработници... Институтот "Изет Цури" во своите простории постави книга на жалост за прерано заминатата Фросина Кулакова. Сите кои сакаат и се во можност може да дојдат и да изразат свој последен поздрав, порака, мисла, цртеж, слика до Фросина...

Претходно и реномираниот моден дизајнер Изет Цури кој и бил професор на прегазената Фросина Кулакова, од неа се прости на социјалните мрежи.

- Најдобриот студент кој го имавме. Збогум ангелу!, напиша тој.

Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @negotino_za_frosina

06.02.2025 - 09:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега