Бен Афлек и Џеј Ло уживаат на јахта, но актерот не ја соблекува својата маица: Пејачката не може да поднесе еден детаљ
Откако ја обновија врската, Џенифер Лопез и Бен Афлек одлучиле да одат на луксузно летување и уживаат на јахта, усидрена во Сен Тропе.
По фотографиите кои папараците ги направиле, фановите на парот забележале дека Афлек е постојано со маица на себе.

Медиумите пишуваат дека причина за тоа е тетоважата која актерот ја има истетовирано на целиот грб, а станува збор за шарен феникс. Оваа тетоважа Џеј Ло не може да ја поднесе, што го признала и во едно интервју во 2016 година.
Тетоважата на грбот е направена во неколку бои и навистина е тешко да не се забележи.

Медиумите тогаш пренесоа дека Афлек ја направил тетоважата бидејќи таа симболизира повторно раѓање. За истата во една прилика се огласи и неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер.
„Во мојот роден град за вакво нешто би рекле: Боже, спаси го“. Феникс кој се издигнува од пепелта. Јас ли сум пепелта во целово сценарио? Навредена сум. Одбивам да сум пепел“, рекла Гарнер, а и Џеј Ло не останала воздржана.
„Ужасна е. Да сум на негово место, би ми било срам од таа тетоважа. Има премногу бои, како и сите негови тетоважи. Треба да се помалку шарени, а повеќе кул“, изјавила пејачката во емисијата „Watch What Happens Live“.
Освен феникс, Бен на двете рамена има истетовирано и цветови.

„Имам неколку тетоважи, но се обидувам секогаш да ги ставам на места кои не се забележуваат и кои не бараат многу прикривања во текот на деловните аранжмани“, изјавил Афлек во една прилика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа