Авионска и терестрична дезинсекција во Скопје – градот започнува со прскање против комарци
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и на 29.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30.06.2022 година (понеделник) ќе почне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.
„Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира од 30.06 (понеделник) до 03.07.2025 (четврток), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа