Апсење на „Меѓународен аеродром Скопје“: Приведена 29-годишна скопјанка
Вчера во 05.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода 29-годишната А.Д. од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а при преглед кај неа бил пронајден и одземен остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
08.07.2025 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа