Албанија и Македонија заеднички кон ЕУ: Клучни разговори во Тирана
Соработката меѓу Албанија и Северна Македонија е важен чекор кон посигурна иднина во регионот, оценила претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали, на средбата со македонскиот колега Африм Гаши, кој престојува во Тирана.
Додала дека посетата на Гаши на Тирана, која се случува брзо по нејзината посета на Скопје ја потврдува блиската и интензивна соработка меѓу двете собранија.
Повлекла дека „Албанија има за цел да се приклучи на Европската унија до 2030 година и овој датум е амбициозна, но остварлива цел. На овој позитивен момент за Албанија треба да се гледа позитивно од целиот регион“.
-Членството во Европската Унија е процес кој се заснова на заслуги, спроведување на реформите и исполнување на стандардите на ЕУ, а не на други фактори или околности, рекла Спиропали.
Таа оцени дека билатералните прашања меѓу земјите кандидати и земјите-членки на ЕУ не треба да бидат пречка во процесот на членство.
-Албанија се надева дека Северна Македонија ќе ја одржи Втората меѓувладина конференција со ЕУ што е можно поскоро, бидејќи нашите две земји се додадена вредност за Европската Унија, вели Спиропали.
Според неа, билатералната соработка на полето на европските интеграции е важна и затоа создавањето заеднички механизми за размена на информации и искуства ќе ја зголеми ефикасноста на реформите".
Нагласила дека Албанија и Северна Македонија се силно ангажирани во регионалните иницијативи, како што е Берлинскиот процес, кој помага за натамошно зајакнување на економските, социјалните и политичките врски.
-Албанците во Северна Македонија дадоа и продолжуваат да даваат значаен придонес во управувањето и зачувувањето на стабилноста на земјата и имаат одлучувачка улога во евроатлантските процеси и зачувувањето на ориентацијата на земјата кон Западот и западните вредности, толку важни, особено во актуелните услови на геополитичките случувања во Европа и пошироко, кажала Спиропали.
Според собраниската прес служба, се задржала и почитувањето на правата на Албанците.
- Почитувањето на албанскиот јазик и стекнатите права на Албанците е во служба на кохезијата, разбирањето и европската интеграција на Северна Македонија. Охрабруваме поповолна клима на економска соработка и инвестиции на албанските бизниси во Република Северна Македонија, посочила Спиропали.
Исто така, таа изјавила дека „Коридорот VIII е многу повеќе од инфраструктурен проект, тој е голем стратешки проект, механизам за развој, соработка, интеграција и безбедност во регионот и пошироко“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа