Аларм од Мала Речица: Не одговараме за она што следи

 

Во пресрет на седницата на Уставниот суд на која треба да се разгледуваат оспорените одредби за законот за јазиците, од ДУИ велат дека секој обид за укинување на која било одредба претставува директен напад на стабилноста и мирот.

Оваа постапка на уставен ДУИ ја оценува како закана.

„Доколку Уставниот суд одлучи да ги поништи достигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат ненадоместливи, а ние не можеме да одговараме за она што може да следи. Ги повикуваме граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за да се спречи овој чин кој ја загрозува стабилноста на земјата и регионот. Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана“, велат од ДУИ.

Предметот за Законот за јазиците  е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година.

Во суштина оспорен е целиот законст, а Уавниот суд го активираше предметот по забелешките на Венецијанската комисија.

06.12.2024 - 17:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега