Актерот од сапуниците, Вилијам Леви заврши зад решетки

 


Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите заводник од сапуниците, е уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.

44-годишникот пред два дена беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Тој плати кауција од 250 долари и беше ослободен следниот ден.

Неговите претставници се уште не коментирале, па не е сосема јасно што точно се случило, пренесуваат американските медиуми.

 

Пред една година тој се разведе од Елизабет Гутиерез со која беше во брак 20 години. Нивниот брак бил далеку од мирен и бајковит – имале неколку полициски интервенции поради семејни расправии, а во едната биле вклучени и децата.

16.04.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега