Африканска свинска чума избувна во Албанија
Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа.
– Управната единица Шнѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината е дезинфицирана, сњ наведува во соопштението.
Се додава дека според утврдениот протокол земени се мостри, чија анализа потврдила дека станува збор за африканска свинска чума.
Министерството презело мерки за спречување на ширењето на болеста. Една од нив е забрана за продажба и промет на живи свињи на отворени површини и пазари на територијата на општина Лежа и надзор на другите фарми во ова подрачје на северозападна Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа