Адмирал Манч: Македонија покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач, а не само примач

 

Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч денеска во Касарната Илинден се обрати на петгодишнината од членството на Македонија во НАТО.

– Македонија повеќепати покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач не само примач, рече адмиралот додавајќи дека со декади нашите војници се дел од операциите на НАТО во Авганистан, Ирак, Косово, БиХ…

За полигонот Криволак, кажа дека станал еден од првите во Европа за воени вежби. Адмиралот Манч рече дека НАТО знае дека може да се потпре на Македонија, и Македонија знае дека може да смета на НАТО.

Адмиралот Манч обраќањето го почна со едмноминутен молк за загинатите во трагедијата во Кочани изразувајќи сочувство и поддршка.

Потсети дека Македонија го започнала патот за членство во НАТО пред 30 години и покажала определба и заложба за реформи, ги надминала пречките и тргнала кон трансформација.

Во март 2020 вашата амбиција, посочи тој, стана реалност. Денес, како што кажа, не одбележуваме само годишнина туку и што може да се постигне со споделените вредности, способности, одговорноста и посветеноста на сите членки на НАТО.

-Овој регион и нашиот свет ќе продолжи да се соочува со комплекси предизвици причинети од зголемени тензии и влијанието на оние кои сакаат да ги поткопаат нашите вредности и начинот на живот. Заедно, 32-те нации во НАТО ќе останат обединети околу предизвиците бидејќи ние знаеме дека штитејќи го мирот е витално. Мирот е најдобар начин да се осигура долготраен одржлив мир и стабилност. Мирот е основа за прогрес и просперитет за сите, рече, меѓудругото, адмиралот Манч, Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол.

На свеченоста се обратија и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, а присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.

28.03.2025 - 20:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега