Затегнати нозе и задник- Алесандра Амброзио на одмор во родниот Бразил заедно со Ричард Ли
Тие моментално се на одмор во нејзиниот роден Бразил, откако претходно оваа недела уживаа во романтично бегство во Кабо Сан Лукас, Мексико.
А Алесандра Амброзио и нејзиното момче Ричард Ли изгледаат како највљубен пар на фотографиите што таа ги сподели на својот Инстаграм, а на кои се гледа како уживаат во инфинити-базен во луксузна вила во мексиканскиот ресорт.
По кусиот престој во Кабо, тие беа фотографирани во Сао Паоло доцна во четвртокот. 40-годишниот супермодел ги покажа своите затегнати нозе во кропнати шорцеви од тексас на ноќна прошетка со својот партнер.
Макфакс
02.07.2021 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа