Велешанец пронајден мртов во дворот, имал траги од крв на главата
Во семејна куќа во Велес, бил пронајден починат 63-годишен маж со траги од крв во пределот на главата.
-Во СВР Велес вчера во 13. 25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.
Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
12.03.2025 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа