Ужас во Скопје: Го нападнал чичкото, а потоа ја удрил и малолетната внука која била во рацете на мајката

 


Скопјанец бил пријавен во полициска станица поради предизвикување тепачка и удирање на малолетно девојче. Имено тој вчера бил пријавен од страна на 27-годошната У.М од Скопје која посочила дека нападот се случил околу 17:30 часот на подрачјето на Карпош.

„Нејзиниот девер Б.У. бил физички нападнат од А.К. Таа и нејзиниот сопруг О.У. се обиделе да ги разделат, при што А.К. ја удрил нивната малолетна ќерка, која таа ја држела во раце“, посочуваат од МВР.


 

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.02.2025 - 16:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега