Уште една трагедија во Македонија - Прегазен пешак почина на лице место
Уште една страшна несреќа ја потресе Македонија кога доцна синоќа бил прегазен пешак на регионалниот пат во близина на селото Колибари кичевско.
Како што пренесува порталот Порта.мк, очевидци тврдат дека бил прегазен пешак, инаку жител на околните села, од возило Рено Лагуна со кичевски регистарски ознаки, кој починал на лице место.
На терен бил излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево извршиле увид. Интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.
Телото на починатиот било дадено на обдукција. Се очекуваат повеќе детали за несреќата.
Ова е само уште една во низата трагедии во Македонија. На 29. јануари беше прегазена и усмртена и Фросина Кулакова од Неготино, 22-годишна модна дизајнерка, на пешачки кај Силбо на Партизанска, од Васил Јованов, а несреќата ја потресе и крена на нозе цела Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа