„Укинете ја Евровизија, ова е неправда“: Хрватите направија „хаос“ на Твитер

 

Хрватската претставничка на Евровизија, Албина Грчиќ, не се пласираше во финале, а нејзините фанови се бесни и не престануваат да оставаат негативни коментари за натпреварувањето на социјалните мрежи.

Во првата полуфинална вечер за песна на Евровизија, 16 претставници се бореа за 10-те места во финале.

Хрватите на Твитер го споделиле своето незадоволство со пласманот на Албина и истакнале дека сметаат дека тоа е неправда.

„Укинете го Евросонг, ова е неправда“, „Молам, Хрватска не помина?“, „Страшно, Хрватска ми беше еден од фаворитите“, се само дел од незадоволните коментари на социјалните мрежи.

Инаку, и македонскиот претсавник, Васил Гарванлиев не се пласираше во финале. Директно во финале влегоа Германија, Италија и Холандија, а после гласањето за својот пласман се изборија и Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега