Турчин во „пежо“ сместил осум мигранти - полицијата го фати на автопатот Демир Капија - Скопје
Утрово околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија - Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Ч.(36) од Република Турција.
При преглед во патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници. М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно - транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
06.12.2024 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа