Трагедија го потресе регионот: 15-годишно дете падна од тераса и почина

 

Хорор викендов го потресе регионот кога 15-годишно девојче падна од тераса на зграда во Косово и за жал почина.

Медиумите од регионот пренесуваат дека 15-годишно девојче паднало од зграда во Србица вчера околу 17 часот и 30 минути и со тешки повреди било пренесено во болница, каде за жал и покрај напорите на лекарите, починало.

Девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар на Косово, но за жал му немало спас.

- „Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот, телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик.

28.04.2025 - 10:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега