Српската пејачка за Пулс": Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа
Трагедијата која се случи во дискотеката "Пулс" во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство, ја потресе цела Македонија и Балканот. Српската пејачка Марија Микиќ откри дека е потресена по трагедијата во која за жал заминаа многу млади животи и многу семејства останаа во црно.
Пејачката порано настапувала во дискотеката која изгоре, а во едно гостување раскажа како изгледал "Пулс".
- Видовме дека животот е само момент...Ми застана гласот додека зборувам за ова...Во некои весници излезе веста дека и јас настапувам, па мајка ми испаничена ме бараше да ме праша каде сум кобната ноќ. Не знаеја како се вика дискотеката, вели Марија.
Додава дека пред една година таа имала настап во "Пулс". - Ќе бидам потполно искрена...кога дојдовме пред клубот мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре е друга приказна, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што не дочека надвор. Публиката беше прекрасна, прекрасна енергија, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но навистина се наежив цела, вели пејачката.
Таа изрази и длабоко сочувство.
- Се уште не можам да испроцесирам што се случило. Не сакав ни да гледам на Инстаграм, жално...Изразувам најдлабоко и искрено сочувство до Македонија, вели таа.
Имала закажано настап во април во Македонија но вели бил откажан.
- Не знам како ќе застанам таму на бина и како ќе им се обратам на луѓето, заклучи таа во емисијата "Интригантно".
Трагедијата во дискотеката однесе 59 животи меѓу кои и малолетници, а по пожарот беше прогласена седумдневна жалост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа