Следната недела доаѓа тежок празник: Сите треба да се воздржиме од оваа лоша навика

 

Во понеделник е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил.

Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот џелатво Кесарија Палестинска во 303 година.

На овој ден, тардиционално, не треба да се капете во река, а бидејќи тој го гледал само најдоброто во луѓето, не треба да се караме и да пцуеме, особено мајките кои добрите навики треба да им ги предадат на децата и да ги научат на тоа.

Се верува дека овој ден е погоден за садби.

Се смета дека е заштитник на децата.

18.07.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега