Серија апсења низ Македонија - приведени 15 лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден се апсеше на повеќе локации низ Македонија при што приведени се  15 лица.

Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект. Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 04.12.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на М.С.(19) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба. При претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 04.12.2024,  полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на А.Т.(39) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба. При претресот е пронајден и одземен хероин. А.Т. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 05.12.2024 во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар. При претрес во објектот, извршен со судска наредба, кај тројцата биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 04.12.2024 во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.12.2024 во  23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(31) од с.Крушопек, општина Сарај, затоа што во негова близина  биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и ризли.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.12.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.12.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.12.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги привеле А.С.(21), И.Н.(21), двајцата од  с.Иловица, струмичко и М.М.(21) од  с.Босилово, струмичко, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 04.12.2024 во 22.20 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.М.(24) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 04.12.2024 во 10.50 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода М.Ѓ.(30) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и бела грутчеста материја. М.Ѓ. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

05.12.2024 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега