Републиканците освоија мнозинство врз Претставничкиот дом и целосна контрола на Конгресот на САД
Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ја задржа контролата врз Претставничкиот дом, објавија денеска Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, една недела по изборната победа која му овозможи втор мандат.
Веќе беше познато дека Републиканците ќе ја имаат контролата врз Горниот дом – Сенатот, каде демократите претходно имаа тенко мнозинство под претседателството на Џо Бајден.
Со освојување на Претставничкиот дом, Трамп ќе има широка власт за спроведување на својата политичка агенда – вклучувајќи строга имиграциска политика и намалување на даноците – без поголема опозиција од демократите, наведува ДПА.
Процесот за потврда на владини службеници и судии ќе се забрза, отстранувајќи ја пречката за контролирање на авторитарните тенденции на Трамп, заклучува германската агенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа