Штип: Тројца Турци на сила внеле тинејџер во кола и со закани барале пари

 


Вчера во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и  Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско. Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19 – годишна девојка , исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга.

Од нив било одземено возилото, ккао и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

14.11.2024 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега