Пристигнува „крвавата“ Месечина и носи неверојатни космички промени: Најголемо влијание ќе има на овие 4 хороскопски знаци
Полната Месечина ќе се појави на небото на 26 мај, а ќе биде во знакот на Стрелец. Воедно ќе има и помрачување на Месечината, а еве што може да очекуваме.
Зголемени емоции, преиспитување на душата, сеќавања, дамнешни и моментални љубови, длабоки чувства...
Ќе имаме желба нешто да смениме, а најмногу ќе бидат алармантни емоциите.
Полната Месечина секогаш носи емоции, така што речиси сите ќе имаат бурни и силни емоции.
Поради тоа што Стрелецот е вечен оптимист и работите ги гледа пошироко, така и нашите реакции ќе бидат поголеми, широки, бурни и малку филозофски.
Што треба да направиме?
Да ги заборавиме работите кои нè блокираат и на тој начин да создадеме проточна енергија и да го исчистиме нашето тело и душа. Промените ќе се случуваат на различни нивоа, тензиите ќе бидат големи, а ние ќе се чувствуваме несигурно и збунето.
Знаци кои најмногу ќе ја почувствуваат полната Месечина:
Стрелец
Ова помрачување ќе се случи во вашето поле на партнерските односи, па би било добро малку да се воздржите од емоциите, да не избрзувате во конфликтите. Сега ќе бидете многу чувствителни и малку несигурни во себе, па од страв може да имате бурни реакции со кои би го исплашиле партнерот.
Девица
Многу настани ќе ви се случат на полето на кариерата, па можни се и разни промени. Промените секако дека ќе бидат на подобро, зголемување на заработката и расправии, но и закани од надредените. Меркур е во „ретро“ од, па не треба да ги сфаќате здраво за готово информациите кои стигнуваат до вас.
Близнаци
Ќе ви биде активна куќата на односот и вашиот јавен живот. Никако не седете на две столици, мислите и емоциите нека ви бидат прецизни и избегнувајте односи од било кој вид.
Риби
Не влегувајте во кавги со семејството. Што се однесува до работата имате две опции - или напредување во кариерата и поголема плата или започнување на личен бизнис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа