Потресен статус: "Родителот заминува со смртта на своето дете"

 

Професорката по Македонски јазик и литература, Татјана Алексиќ, сподели потресен статус на Фејсбук, каде е доста активна и често пишува за актуелните теми и случувања.

- ...Кога родителот губи дете, ја губи смислата на постоење, правото на нормален живот. Родителот заминува со смртта на својот пород. Неговиот живот станува симулација. Дали овој карамбол од низа трагедии ќе нѐ освести доволно, за да почнеме со градењето нормален живот во оваа наша убава, но унесреќена татковина...Дали овие колони на родители со врамени фотографии од своите чеда, со чекор налик на духови, ќе бидат доволни за да сфатиме дека Дамокловиот меч виси над сите нас...напиша таа.

 

07.04.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега