Полицијата му ја тресеше викендицата: Криел пушка и Гамо - немал дозвола за нив
Во неделата во 14 часот, по претходно издадена наредба од Основниот суд Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бил извршен претрес во викендица на Тиквешкото езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци каде е пронајдена малокалибарска пушка „Брно-мод2“ и оптички нишан „Гамо“ кои ги поседувал без дозвола.
С.П. е лишен од слобода, а за случајот известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
13.11.2024 - 17:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа