Пијан удрил во парирано возило: уапсен 25-годишник од Македонски Брод

 

Денеска во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода 25-годишниот М.С. од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по член 297-А од Кривичниот законик.

Во 01.30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил само материјална штета, а повредени лица нема. 

По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта.

По документирање на слуачјот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
21.04.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега