Нуриционистката Бранка: Ако вака го јадете лукот, лековитото дејство е максимално

 

Сите сме навикнатида го лупиме лукот пред употреба и консумација. Но, советот на српската нутриционистка Бранка Мирковиќ е никогаш да не ги фрлате лушпите од лукот, ниту пак од кромидот.

„Не ги фрлајте лушпите, тие помагаат за дишните органи и згрутчување на крвта. Ако сакате да ставите лук во јадење или супа, изгмечете го со целата лушпа и додадете го. Или кромидот, целиот со кората испечете го во рерна, истиснете го како паста, сето тоа е хранливо. Вака подготвениот лук може секој да го јаде, нема да му пречи на желудникот“, вели српската нуѕтриционистка Бранка Мирковиќ во гостување во емисија на Prva.
„Ова се однесува и на кромид и на лук. Кромидот земете го нелупен, избоцкајте го со вилушка и сварете го во супа, ќе добиете чорба од кромид. Одличен е за имунитетот. Лукот не јадете го како цело парче, туку исечкајте го и додајте го во храната. Цела Франција и Италија мирисаат на лук, никој не се грижи. Обично луѓето рендаат лук во масло, додаваат малку лимон и потоа го користат на лажица, но подобро е да се зема со храна“.

Кој е најдобриот начин да се јаде лук, дали е поздрав сиров, дали топлината му пречи и дали ги губи здравите својства?

„Не, нема да ги изгуби своите својства, но на многумина им пречи кога е свеж. Секој може да го јаде вака преработен. Во нашата кујна има печени пиперки и други салати, слободно додајте го во храната“, вели таа.

Рецепт за притисок

Кој не треба да јаде лук, често слушаме дека не треба да го консумираме доколку имаме низок притисок или проблеми со варењето?

„Не, зошто не би смееле? Ако ви пречи притисокот, додадете малку сол, пијте вода и притисокот ќе се зголеми. При готвењето смета само зелениот дел што е во срцето на плодот, исечете го и извадете го тоа зелено перце, па секој ќе може да го јаде“, советува нутриционистката.

17.02.2022 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега