Скопјани навалете: И викендов ќе тече чоколадо од сите страни во Веро центарот
Добри вести за љубителите на чоколадото. Фестивалот „Чоколадна земја“ продолжува и викендов во Веро центарот.
Како што информираат организаторите, потрошувачите и овој викенд ќе можат да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи,... Ќе се запознаат со над 1.000 различни чоколадни производи од 9 домашни и странски производители. Бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци е само дел од асортиманот.
Викендов се предвидени работилници и забавни игри особено за децата. Ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а за најмалите ќе биде организирана „Слатка меморија“, игра во која може да добијат безброј слатки награди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа