Трамп: Почивај во мир папа Франциско!
Папата Франциско почина денеска на 88-годишна возраст, потврди Ватикан. Тој почина еден месец откако беше отпуштен од болницата каде што се лекуваше пет недели од инфекција која прерасна во билатерална пневмонија. По смртта на папата Франциско, денеска во Ватикан започна посебен режим кој означува период без папа.
За смртта на папата доаѓаат бројни реакции.
Американскиот претседател со кратка објава изрази почит на својата социјална мрежа Truth Social. Иако Доналд Трамп не се сретна со Папата за време на неговиот сегашен мандат, тие се сретнаа за време на неговиот прв мандат во 2017 година. „Почивај во мир, папа Франциско! Господ да го благослови него и сите оние кои го сакаа!“ напиша Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа