Киднапирање во Берово: Три лица со сила одвлечкале жена од дома

 


Вчера во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

07.04.2025 - 16:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега