Драма во Карпош: Девојка удирала и по автомобил и по возачот
Во саботата во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Kарпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир.
29-годишната Е.Ѓ. агресивно се однесувала, удирајќи по патничко возило „мерцедес“, соопштуваат од МВР.
Според информациите, девојката удирала по патничко возило со битолски регистарски таблички и при тоа и физички ги нападнала и возачот и сопатникот.
07.04.2025 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа