ВИДЕО: Виктор загина во пожарот во Кочани спасувајќи животи
Во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани за жал животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.
Во страшната и незапаметена трагедија која ја потресе не само Македонија, туку и цел регион и свет, загина и Виктор Јорданов од Кочани кој како што се споделува на социјалните мрежи, останал во дискотеката да спасува животи.
- Во моментот кога огнот се закануваше да проголта се, Виктор Јорданов не се повлече. Застана храбро исправен пред стихијата, решен да спаси повеќе животи додека самиот остануваше зад сите. Виктор, твоето срце не чува, но твоето дело ќе живее вечно. Почивај во мир хероју, пишува на објавеното видео на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа