Трамп: Разговарав со Путин, постојат големи шанси за крај на војната во Украина

 


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна, крвава војна конечно да и’ дојде до крајот.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.

„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши.

„Но во овој момент, илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива состојба. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.

14.03.2025 - 15:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега