Предизвикале пожар, па краделе: Тројца кавадарчани завршија со лисици на рацете
Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.
Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа